АТИНА

  • Опис на Патувањето
  • Reviews
  • Similar Tours
30. Декември (вторник)     СКОПЈЕ – АТИНА Состанок на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски” во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица – Евзони. Ноќно возење со попатни одмори. 31. Декември (среда)         АТИНА Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и...

Опис на патувањето

30. Декември (вторник)     СКОПЈЕ – АТИНА
Состанок на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски” во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица – Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.

31. Декември (среда)         АТИНА
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака… Сместување во хотел. Слободно попладне Атина можност за индивидуално присуство на Новогодишната прослава на Атинскиот плоштад “Синтагма„ или пак факултативно – на Новогодишна вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна.  Ноќевање.

01. Јануари (четврток)      АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница – продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина можност за факултативна вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.

02. Јануари (петок)          ОСТРОВОТ ЕГИНА – МАНАСТИР НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИ 
Појадок. Факултативен излет до островот Егина и посета на Манастирот Нектариј Егински. Испловување со траект кон островото Егина во Сароничкиот залив. На само 40мин од Пиреа островот Егина е еден од омилиените на Атињаните поради неговата богата историја, стариот шарм пристанишниот град од 19ти век, напуштените византиски капели, прекрасните заливи и вкусните ф’стаци. Посета на манастирот посветен на Свети Нектарие Егински. Разглед на целиот манастирски комплекс: гробот, неговиот дневен престој, неговите ракотворби, како и иконата на Пресвета Богородица … Враќање во Атина можност за индивидуално присуство на Новогодишната прослава на Атинскиот плоштад “Синтагма„ или пак факултативно – на Новогодишна вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.

03. Јануари (сабота)    АТИНА – МЕТЕОРИ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотели и заминување од Атина кон Тесалија и градчето Каламбака. Во неговата непосредна близина се наоѓаат прочуените манастири Метеори. Како изникнати во непрегледната рамнина се издигаат мноштвото високи камени карпи, врз чии врвови уште од средниот век христијанските монаси ги изградиле едни од највпечатливите манастири во светот. Посета на некој од отоворените манастири, нивните цркви, музеи и сувенирниции, со несекојдневна можност за уживање и во прекрасните панорами. Патувањето продолжува кон Македонија со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

ЦЕНИ ВО ПРЕТПРОДАЖБА до 15.11.2025:

ECONOMY пакет (превоз, сместување со појадок): 189€ (11,718 мкд) 179 € (11.098 мкд)  
STANDARD пакет (превоз, сместување со појадок, посета на Атина и Метеори): 209€ (12.958 мкд) 189 € (11.718 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во хотел *** на база 3 ноќевања со појадок
– Панорамски разглед на градот со локален водич
– Организиран разглед Метеори
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Влезница за Акропол
– Влезници за Микена и Епидаурус
– Доплата за 1/1 соба – 73 €
– Туристичка такса 5 € по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
– Факултативна Новогодишна вечера во национален ресторан
– Факултативна вечера во национален ресторан
– Влезници за музеите и културно-историските споменици
– Организиран разглед на Пелопонез и Арголида 35 €
– Островот Егина 35€
– Патничко здраствено осигуривање

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на Нова Травел

30. Декември (вторник)     СКОПЈЕ – АТИНА Состанок на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски” во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица – Евзони. Ноќно возење со попатни одмори. 31. Декември (среда)         АТИНА Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и...

There are no comments yet.

Write your Review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сподели на Социјални Мрежи
Нова Травел
https://test.tiandemk.mk/wp-content/uploads/2025/12/logo-final.png
Брз Контакт

Маршал Тито 30, 2400
Струмица, Македонија

Тел:   034-345-411
Моб: 070-347-791
Моб: 070-347-792
Моб: 070-347-793

 

Е-пошта: novatravel.ms@gmail.com
monika@novatravel.mk
silvana@novatravel.mk
elisa@novatravel.mk

 

Новости И промоции

Внесете ја вашата Е-пошта и добивајте информации за попусти, промоции и новитети од нашата туристичка агенција


    Сите Права се задржени ® // Нова Травел 2015-2025

    Следете не на социјалните мрежи:

    Close

    АТИНА

      Пополнете го формуларот за да добиете информација за достапност на патувањеот. Задолжителните полиња се означени со*



        Enquiry about the Tour availability or anything you’d like to know. Required fields are marked *