- Опис на Патувањето
- Reviews
- Similar Tours
Опис на патувањето
ПРВ ДЕН 30.12.2025 (вторник)
Состанок на групата од паркингот на Хотел Русија околу 16:00 часот од Скопје. Попатни застанувања за качување на други патници, ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните четири дена.
ВТОР ДЕН 31.12.2025 (среда)
Пристигнување на групта во Истанбул
Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп Травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Chech in во хотелот е после 14:00 час. По самото пристигнување (околу 10ч.)патниците се упатуваат на пешачка тура до Капали Чаршија, Сината Џамијиа и Света (Аја) Софија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи се наоѓаат на 20 минути пеш од хотелите а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето и разглед во чаршијата и околината.
Капали Чаршија е најголемиот покриен пазар во светот, со преку 3000 продавници. Чаршијата се наоѓа во внатрешноста на Цариградските ѕидини, во стариот дел на градот во населбата Фатих. До еден од главните влезови во чаршијата се стигнува преку плоштадот Бајазид, на кој се наоѓа Истанбулскиот универзитет и џамијата Бајазид II.
Света (Аја ) Софија Невозможно е да поминете низ овој град без да влезете во оваа светски позната византиска градба од 6-тиот век. Влегувањето во оваа џамија е иднивидуално бидејќи секојдневно доаѓаат илјадници посетители и редиците за влез во истата се преголеми, се чека по неколку часа. Станува збор за најголемата црква во светот која претрпела неколку трансформации-од црква во џамија, од џамија во музеј, па повторно во џамија која сè уште ја красат христијански елементи. Во договорено време, се враќаме во хотел. Слободно време за одмор и подготвување за Новогодишната прослава.
ТРЕТ ДЕН 01.01.2026 (четврток)
Појадок. Слообдно време. Во 12 часот започнваме со факултативи.
Крстарење по Босфор
Ви нудиме еден час крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул. Сите луксузни вили кои вредат милиони од познатите серии, Босфорскиот мост под кој може да фрлите паричка и замислите желба како и знаменитостите одблизу за кои ќе ја слушнете историјата од нашиот локален водич, сето ова може да го доживеете. Не сонувате. Локалниот водич ќе се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин. На крстарење тргнуваме од европската страна на Истанбул а бродот не остава во азискиот дел на Истанбул.
Балат
Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од вештите раце македонски мајстори, кадешто е закопан Партеније Зоографски. Додека сме во Балат се посетува Христијанската Патријаршија, кадешто ќе може да влезете индивидуално. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички, имате можност да ги доловите моментите каде се снимаат турските серии и да се напиете турско кафе, варено на песок.
Таксим плоштад
Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата улица „Истикал“ на која се движи познатиот трамвај! На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а за љубителите на шопингот гарантираме дека ќе изгубат ориентација за време бидејќи има премногу продавници. Ова значи дека групата има идеална можност за поминување на слободно време, за сечиј вкус.
ЧЕТВРТИ ДЕН 02.01.2026 (петок)
Појадок. Слообдно време. Во 12 часот започнваме со факултативи.
Ортаќој (околу 16ч.)Претставува една од најпознатите туристички области во Истанбул. Се наоѓа во Европската област веднаш под Босфорскиот мост. Од една страна погледот Ве води кон големата Меџидие џамија, позната како Ортакој џамија. Ортакој е срцето на Истанбул и како таков е далеку од здодевен. Токму ова место претставува вистинско уживање за сите оние кои сакаат да го пробаат трафиционалниот специјалитет Турски компир, којшто го полните по ваш избор, од кисели краставички, пленка, маслинки до разни сосови, и да ги направат најубавите фотографии. Како што денот заминува, во вечерните часови така енергијата на Ортакој се зголемува и почнува да се шири музика од околните кафулиња и барови. Не пропуштајте да пробате од школките кои се продаваат покрај брегот.
Миниатурк е доказ за богатата историја и архитектонската величина на Турција.Овој музеј на отворено, лоциран во Истанбул, прикажува прецизно изработени минијатури на познати знаменитости од целата земја.
Секоја минијатурна структура е придружена со детални информации за нејзиното историско значење.
ПЕТТИ ДЕН 03.01.2026 (сабота)
По појадокот во хотелот следува одјавување околу 10ч. и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура, животен стил па се до шопинг. Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг. По шопингот, поаѓање кон Македонија. Предвидено е пристигнување после полноќ во Скопје.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 174 €/10.788 ден.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Факултативни излети:
Посета на Миниатурк и Ортаќој – Цена за пакет: 30е
Крстарење по Босфор, Балат и Таксим Плоштад – Цена за пакет: 50е
Дочек на Нова Година на брод на Босфор – Цена за пакет: 100е
- Пакет цената по лице за дочекот на Нова Година на брод на Босфор вклучува:
- Влезница на приватен брод на Босфор кој ќе биде организиран исклучиво за гостите на ЕТА, 4 часовно крстарење
- Целосна организација и координација од наш тим кој ќе ве спроведе до журката и назад
- Организиран превоз од хотел до пристаниште и назад
- Организирани и резервирани конопои за секој гостин
- Вклучени 3 алкохолни или 3 безалкохолни пијалоци
- Вклучена храна за време на забавата
- Изведучачи во затворениот простор и отворениот простор на бродот
- Професионално фотогафирање
+ Можност за купување на пијалоци по најниска цена
Промо пакет – Цена за пакет: 140е
Промо пакетот ги вклучува факултативите Дочек на Нова Година,Крстарење по Босфор, Балат и Таксим плоштадот.



There are no comments yet.