- Опис на Патувањето
- Reviews
- Similar Tours
Опис на патувањето
Прв ден 30.12.2025 Вторник
Поаѓањето од Скопје е околу 22:30ч но патниците за точно време на поаѓање се известуваат на еден ден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.
Втор ден 31.12.2025 Среда
Пристигнување во Сараево и упатување на разглед на Сараево со локален водич. Разгледот започнува од “Vijecnica”па до местото каде е извршен атентат врз Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, хотел Европа, австро-унгарскиот дел, плоштадот Маршал Тито, местото каде е формирана групата INDEXI, Бегова Џамија и Башчаршија.Разгледот се прави се со цел патниците подобро да се запознаат со градот. Слободно време за ручек и разглед на Сараево, и упатување кон хотелот во договореното време. Дочек на Нова 2026-та Година на плоштадот со луда забава.
Трет ден 01.01.2025 Четвртак
Третиот ден започнува со појадок и во договорено време започнуваме со целодневна екскурзија. Првото место за посета е Титов Бункер во местото Коњиц. Групата ќе има можност да го посети местото Јабланица каде била одиграна Битката на Неретва 1943 год. позната како “Bitka za Ranjenike” која била 4-та непријателска офанзива на НОВЈ. Исто така овде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“ 1969 год.. По посетата групата се упатува кон Врело Буна, се посетува втор најголем извор во Босна, кадешто извира вода од 40,000 л во секунда. Слободно време во договор со водич. Во договорено време поаѓање кон Мостар. Разгледот на градот е со локален водич. Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување. Безброј, продавници, сувенирници богати со бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата.
Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде. Во Мостар има кварт каде објектите се со шарени фасади што потсеќа на населбата Балат во Истанбул. Го нарекуват ‘’Мостарскиот Балат”. Разгледот завршува под ,,Стари мост” и овој мост е симбол на градот. Слободно време околу 3 часа. Враќање во Сараево. Посета на некој паб во австро-унгарскиот дел доколку има интерес од страна на групата.
Четврти ден 02.01.2026 Петок
По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Се верува дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација. По посетата се враќаме во хотел.Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотел и се продолжува кон Дрвенград. Сместено на ридот Межавник во паркот на природата Мокра Гора, точка на средба на две прекрасни српски планини Тара и Златибор, етно селото „Дрвенград“ е производ на фантазијата на филмскиот режисер Емир Кустурица и е изградено за сцени на неговиот филм “Животот е чудо “.Емил Костурица сакал да создаде град што ќе наликува на место каде што некогаш живееле луѓе, всушност никој не живеел. „Дрвенград“ има уметничка галерија, библиотека, кино наречено „Андерграунд“ по еден од најпознатите филмови на Кустурица, продавница за торти со домашни слатки, ресторан со традиционална српска кујна, продавница за сувенири итн. Постојат и улици именувани по кубанскиот револуционер Ернесто Че Гевара, аргентинскиот фудбалер Диего Армандо Марадона, српскиот актер Миодраг Петровиќ Шкаса и познатите филмски режисери Федерико Фелини и Ингмар Бергман. Една улица го носи името на Новак Џоковиќ, еден од најдобрите тенисери во светот. Слободно време за ручек и заминување кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.
ЦЕНА: 125€ ( 7.750мкд )



There are no comments yet.