- Опис на Патувањето
- Reviews
- Similar Tours
Опис на патувањето
(Со вклучена Новогодишна вечера)
(30.12.2025-01.01.2026)
Прв ден: 30.12.2025 година (вторник)
02:00 часот заминување на групата од Скопје и во 04:00 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции) кон Грција со попатни застанувања и одмори. Околу пладне пристигнување во Кавала, еден од најубавите грчки градови кој покрај трите имиња – Неаполис, Христополис и Кавала многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и кон месечината и оддалеку потсетува на снегулка која скалесто се спушта кон големото пристаниште. Организиран разглед на градот со локален туристички водич, а потоа сместување на групата во хотел „Oceanis“ 3 *** (https://www.oceaniskavala.gr/) лоциран во центарот на градот. Слободно време за одмор од патувањето, индивидуални активности и прошетки низ градот кој живее во празнична еуфорија. Ноќевање.
Втор ден: 31.12.2025 година (среда)
Појадок. Слободен ден за уживање покрај море во празнична атмосфера. Плоштадот е украсен со илјадници шарени ламбички, на различни локации се организираат музички претстави и концерти, а целиот град мириса на традиционалните божиќни слатки “kourabiedes” (колачи со бадеми покриени со шеќер во прав) и “melomakarono” (колачи со ореви полиени со сируп) со кои се преполни преубавите слаткарници. Вечерта организирано заминување во таверна во градот Кавала каде ќе ја дочекаме Новата 2026 Година во весела атмосфера и музика во живо. После полноќ враќање во хотелот. Ноќевање.
Трети ден: 01.01.2026 година (четврток)
Појадок. Во договореното време одјавување од хотелот и заминување на групата кон Солун. Слободно време за индивидуални прошетки долж пристаништето во центарот на градот. Во договореното време заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………209 € (12.960 денари)
(плаќање во денарска против вредност)
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Две ноќевања со појадок во хотел „Oceanis“ 3 ***
– Организиран дочек на Новата Година во таверна во Кавала (вечера со музика во живо)
– Посета на Солун
– Организација на патувањето и туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Доплата за еднокреветна соба – 40 евра (за двете ноќевања)
– Пијалоци за време на Новогодишната вечера во таверната
– Туристичка такса во Кавала (се плаќа во агенцијата) – 2,50 евра по лице од вечер
– Патничко осигурување
За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници



There are no comments yet.