ХЕРЦЕГ НОВИ

  • Опис на Патувањето
  • Reviews
  • Similar Tours
ЗАБАВА НА ПЛОШТАД СО ХАРИС ЏИНОВИЌ И НЕДА УКРАДЕН   (30.12.2025 – 03.01.2026)   Прв ден: 30.12.2025 (вторник)  21:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:00 часот од Скопје кон Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор. Втор ден: 31.12.2025 (среда)  Пристигнување во Херцег Нови...

Опис на патувањето

ЗАБАВА НА ПЛОШТАД СО ХАРИС ЏИНОВИЌ И НЕДА УКРАДЕН  

(30.12.2025 – 03.01.2026)

 

Прв ден: 30.12.2025 (вторник) 

21:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:00 часот од Скопје кон Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор.

Втор ден: 31.12.2025 (среда) 

Пристигнување во Херцег Нови во претпладневните часови. Градот кој е основан пред 600 години уште го нарекуваат и градот на сонцето заради најголемиот број сончеви денови на Јадранот, но и градот на цвеќето-тука вегетираат 250 различни видови растенија кои потекнуваат од сите континенти, а со децении ги носеле печалбарите, па така целиот град претставува една огромна ботаничка градина. Тесни улички, калдрмисани шеталишта, многубројни скали и тврдини од кои се гледа целиот Бокакоторски Залив… сето тоа му дава извесна доза на шарм и елеганција со што овој град се издвојува од сите други на црногорското приморје. Потоа сместување на групата во хотелот „Palmon Bay Hotel&Spa“4+ **** (https://www.palmonbayspa.com) во Игало, едно од осумте туристички места низ кои се простира целата Херцегновачка ривиера кое се смета за единствена градска целина со Херцег Нови. Слободно време за одмор од патувањето и уживање во содржините на хотелот кој располага со внатрешен базен и Wellness и Spa центар. Хотелот е препознатлив по базенот со лековита минерална вода која го враќа балансот на природните минерали и соли во телото. Во текот на целиот ден на повеќе места на отворено ќе бидат организирани дневни журки со настапи на популарни музичари. Вечерта, организиран Дочек на Новата Година на плоштадот со богата музичка програма. За забавата во највеселата ноќ се ангажирани Харис Џиновиќ и Неда Украден. Ноќевање.

Трети ден: 01.01.2026 (четврток) 

Појадок. Во договореното време заминуваме на организиран разглед на градот со локален туристички водич. Слободно попладне за индивидуални активности и за користење на базенот и спа центарот во хотелот. Вечерта, организирана реприза на новогодишната вечер на Плоштадот со богата музичка програма. За забавата оваа вечер се ангажирани Жељко Самарџиќ и Весна Змијанац. Ноќевање.

Четврти ден: 02.01.2026 (петок) 

Појадок. Слободно време за целосна релаксација и опуштање во благодетите на минералната лековита вода во базенот и во спа центарот. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија. Пристигнување во раните утринските  часови во сабота, на 03.Јануари.  

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………279 € (17.300 денари) 

(плаќање во денарска противвредност)   

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги: 

– Превоз со туристички автобус

– Две ноќевања со појадок во хотелот Palmon Bay Hotel&Spa“4+**** во Игало(сместување во стандардни соби без тераси со поглед во двор)

– Користење на базенот и спа центарот во хотелот

– Организиран разглед на градот со локален туристички водич

– Организација на патувањето и туристички придружник

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги: 

Доплата за еднокреветна соба – 170 евра (за двете вечери)

– Доплата за соба со тераса – 10 евра (за двете вечери)

– Туристичка такса– 1,50 евро по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)

– Доплата за свечена новогодишна вечера во хотелот – 75 евра (не е задолжителна)

– Доплата за свечена вечера во хотелот  на 01.01.2026– 65 евра (не е задолжителна)

– Патничко осигурување 

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници

ЗАБАВА НА ПЛОШТАД СО ХАРИС ЏИНОВИЌ И НЕДА УКРАДЕН   (30.12.2025 – 03.01.2026)   Прв ден: 30.12.2025 (вторник)  21:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:00 часот од Скопје кон Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор. Втор ден: 31.12.2025 (среда)  Пристигнување во Херцег Нови...

There are no comments yet.

Write your Review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сподели на Социјални Мрежи
Нова Травел
https://test.tiandemk.mk/wp-content/uploads/2025/12/logo-final.png
Брз Контакт

Маршал Тито 30, 2400
Струмица, Македонија

Тел:   034-345-411
Моб: 070-347-791
Моб: 070-347-792
Моб: 070-347-793

 

Е-пошта: novatravel.ms@gmail.com
monika@novatravel.mk
silvana@novatravel.mk
elisa@novatravel.mk

 

Новости И промоции

Внесете ја вашата Е-пошта и добивајте информации за попусти, промоции и новитети од нашата туристичка агенција


    Сите Права се задржени ® // Нова Травел 2015-2025

    Следете не на социјалните мрежи:

    Close

    ХЕРЦЕГ НОВИ

      Пополнете го формуларот за да добиете информација за достапност на патувањеот. Задолжителните полиња се означени со*



        Enquiry about the Tour availability or anything you’d like to know. Required fields are marked *