БУДВА – ДУБРОВНИК – ТИВАТ – КОТОР

  • Опис на Патувањето
  • Reviews
  • Similar Tours
1 ден: 30.12.2025 год. Поаѓање за Будва од Скопје на паркингот СЦ “Борис Трајковски“ во 23.00 часот со туристички автобус. (Поаѓања вклучени во цената од  Струмица 20.00 часот. Патот води преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни одмори. 2 ден: 31.12.2025 год. Пристигнување во Будва во предпладневните часови,(пауза за фотографирање и уживање во прекрасната...

Опис на патувањето

1 ден: 30.12.2025 год. Поаѓање за Будва од Скопје на паркингот СЦ “Борис Трајковски“ во 23.00 часот со туристички автобус. (Поаѓања вклучени во цената од  Струмица 20.00 часот. Патот води преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни одмори.

2 ден: 31.12.2025 год. Пристигнување во Будва во предпладневните часови,(пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување. Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера. Вечерта дочек на Новата 2026 година пред платото на Стариот град во Будва со богата уметничка програма и новогодишен концерт. Ноќевање.

3 ден: 01.01.2026 год. Појадок.По појадокот заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија…Попладне враќање во Будва. Слободно време. Вечерта реприза на новогодишната ноќ со организирани концерти пред Стариот град во Будва.Ноќевање.

4 ден: 02.01.2026 год. Појадок. По појадокот заминување на факултативен излет до Бокакоторскиот залив, со посета на историскиоти средновековен Котор и живописниот и раскошен Тиват. Прошетка во стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектурa, бројни споменициипалати кои го вклучуваат градот во УНЕСКО.Слободно време за индивидуални прошетки или можност да вкусите од познатите његушка пршута, сирење и домашно вино. Патувањето продолжува за Тиват, кој во последните години стана омилена дестинација на туристите ширум светот. Причината за тоа лежи во шармот на овој град но и во неговиот луксузен комплекс Порто Монтенегро, често споредуван со Монако, дизајниран да ги задоволи потребите на сопствениците на јахтите, членовите на екипажот и туристите. Уживајте со кафе во еден од прекрасните локали покрај брегот и погледот на луксузните јахти. Патувањето продолжува за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

 

ЦЕНА: 109 евра (6.750 денари) за приватно сместување

139 евра (8.600 денари) за сместување во хотел 3*

 

Во цената се пресметани следните услуги:

–  Превоз со туристички автобус на дадената релација;

( Поаѓања вклучени во цената од Гевгелија,Струмица, Радовиш )

– Сместување во хотел 3* во Будва на база две ноќевања со појадок;

–  Сместување во приватни вили во Будва на база две ноќевања;

–  Туристичката такса е вклучена во цената и кај приватното и кај хотелското сместување;

–  Посета на Св.Стефан;

–  Организација и пратител на патувањето

 

Во цената не се пресметани следните услуги:

–  Факултативен излет до Дубровник ( 25 евра );

–  Факултативен излет до Котор, Тиват-Порто Монтенегро ( 15 евра );

–  Пакет цена за излети до Дубровник и Котор-Тиват-Порто Монтенегро (35 евра );

–  Влезници за посети;

–  патничко осигурување

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош; Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 61.8 денари. За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА Нова Травел

1 ден: 30.12.2025 год. Поаѓање за Будва од Скопје на паркингот СЦ “Борис Трајковски“ во 23.00 часот со туристички автобус. (Поаѓања вклучени во цената од  Струмица 20.00 часот. Патот води преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни одмори. 2 ден: 31.12.2025 год. Пристигнување во Будва во предпладневните часови,(пауза за фотографирање и уживање во прекрасната...

There are no comments yet.

Write your Review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сподели на Социјални Мрежи
Нова Травел
https://test.tiandemk.mk/wp-content/uploads/2025/12/logo-final.png
Брз Контакт

Маршал Тито 30, 2400
Струмица, Македонија

Тел:   034-345-411
Моб: 070-347-791
Моб: 070-347-792
Моб: 070-347-793

 

Е-пошта: novatravel.ms@gmail.com
monika@novatravel.mk
silvana@novatravel.mk
elisa@novatravel.mk

 

Новости И промоции

Внесете ја вашата Е-пошта и добивајте информации за попусти, промоции и новитети од нашата туристичка агенција


    Сите Права се задржени ® // Нова Травел 2015-2025

    Следете не на социјалните мрежи:

    Close

    БУДВА - ДУБРОВНИК - ТИВАТ - КОТОР

      Пополнете го формуларот за да добиете информација за достапност на патувањеот. Задолжителните полиња се означени со*



        Enquiry about the Tour availability or anything you’d like to know. Required fields are marked *