КОТОР

  • Опис на Патувањето
  • Reviews
  • Similar Tours
ЗАБАВА НА ПЛОШТАД СО ПАРНИ ВАЉАК И ОРКЕСТАРОТ ТОЧ   Прв ден: 29.12.2025 (понеделник)  21:30 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:30 часот од Скопје кон Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор.   Втор ден: 30.12.2025 (вторник)  Пристигнување во Котор во претпладневните часови. Организиран...

Опис на патувањето

ЗАБАВА НА ПЛОШТАД СО ПАРНИ ВАЉАК И ОРКЕСТАРОТ ТОЧ

 

Прв ден: 29.12.2025 (понеделник) 

21:30 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:30 часот од Скопје кон Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор.  

Втор ден: 30.12.2025 (вторник) 

Пристигнување во Котор во претпладневните часови. Организиран разглед на градот кој се наоѓа на листата на УНЕСКО како светско културно наследство најмногу заради урбаната архитектура и прекрасниот природен амбиент. Градот е стар преку 2000 години и претставува висинска ризница на Споменици на Културата: Катедралата Свети Трипун, Црквата Свети Лука, а градските плоштади и улици претставуваат отворена сцена за многубројните традиционални приредби и претстави. Потоа сместување на групата во хотелот „Marija“ 3 *** (http://www.hotelmarija.me/ ) сместен во внатрешните ѕидини на стариот град во прекрасна барокна градба во која своевремено престојувал австрискиот цар Фрањо Јосиф. Слободно време за одмор и за индивидуални прошетки и уживање во новогодишниот амбиент. Во вечерните часови започнуваат музичките забави на отворено во пресрет на Новата Година. Првата вечер ќе следи вистинска музичка фузија од оркестарот на Александар Софронијевиќ и Стела Раде кои носат комбинација од традиција и младешка енергија. Враќање во хотелот. Ноќевање. 

Трети ден: 31.01.2025 (среда)

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки во овој прекрасен град кој изобилува со продавници и мали ресторани во кои ќе уживате во медитеранските специјалитети. Вечерта, организиран дочек на Новата Година со богата музичка програма. За забавата во највеселата ноќ се ангажирани Парни Ваљак, додека вечерта ќе ја отворат членовите на секогаш енергичниот оркестар Точ. Враќање во хотелот. Ноќевање. 

Четврти ден: 01.01.2026 (четврток) 

Појадок. Организирано заминување кон Дубровник, еден од најатрактивните и најпознатите градови на Средоземјето кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО. Тоа е  белиот град обвиткан околу 2 км со дубровачките ѕидини, поделен со главната улица Страдун, заштитен од Свети Влах… Разгледување на градот со локален туристички водич, а потоа слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време се враќаме кон Котор. Пред нас е уште една незаборавна вечер која во себе носи комбинација од младост и искуство: тинејџерската ѕвезда Јаков Јозиновиќ и незаменливата Марија Шерифовиќ гарантираат уште една незаборавна вечер. Враќање во хотелот. Ноќевање.   

Петти ден: 02.01.2026 (петок) 

Појадок. Во договореното време се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………229 € (14.200 денари) 

(плаќање во денарска противвредност) 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги: 

– Превоз со туристички автобус

– Три ноќевања со појадок во хотелот „Marija“ 3*** во Котор

– Организиран разглед на градот со локален туристички водич

– Организиран излет до Дубровник и разглед со локален туристички водич

– Организација на патувањето и туристички придружник  

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги: 

– Туристичка такса– 1 евро по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)

– Патничко осигурување

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници

ЗАБАВА НА ПЛОШТАД СО ПАРНИ ВАЉАК И ОРКЕСТАРОТ ТОЧ   Прв ден: 29.12.2025 (понеделник)  21:30 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:30 часот од Скопје кон Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор.   Втор ден: 30.12.2025 (вторник)  Пристигнување во Котор во претпладневните часови. Организиран...

There are no comments yet.

Write your Review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сподели на Социјални Мрежи
Нова Травел
https://test.tiandemk.mk/wp-content/uploads/2025/12/logo-final.png
Брз Контакт

Маршал Тито 30, 2400
Струмица, Македонија

Тел:   034-345-411
Моб: 070-347-791
Моб: 070-347-792
Моб: 070-347-793

 

Е-пошта: novatravel.ms@gmail.com
monika@novatravel.mk
silvana@novatravel.mk
elisa@novatravel.mk

 

Новости И промоции

Внесете ја вашата Е-пошта и добивајте информации за попусти, промоции и новитети од нашата туристичка агенција


    Сите Права се задржени ® // Нова Травел 2015-2025

    Следете не на социјалните мрежи:

    Close

    КОТОР

      Пополнете го формуларот за да добиете информација за достапност на патувањеот. Задолжителните полиња се означени со*



        Enquiry about the Tour availability or anything you’d like to know. Required fields are marked *