ТЕМИШВАР И СИБИУ

  • Опис на Патувањето
  • Reviews
  • Similar Tours
ПРВ ДЕН – 30.12.2025 (ВТОРНИК) СКОПЈЕ – ТЕМИШВАР Состанок на група кај хотел Русија во 23:00ч. Имаме организирани поаѓање од Кочани,Штип,Велес и Куманово. Патување преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење низ Србија. ВТОР ДЕН – 31.12.2025 (СРЕДА) ТЕМИШВАР Присигнување во утринските часови во Темишвар. Следува разглед на градот со локален водич. Се посетуваат: Плоштад Победа...

Опис на патувањето

ПРВ ДЕН – 30.12.2025 (ВТОРНИК) СКОПЈЕ – ТЕМИШВАР
Состанок на група кај хотел Русија во 23:00ч. Имаме организирани поаѓање од Кочани,Штип,Велес и Куманово. Патување преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење низ Србија.

ВТОР ДЕН – 31.12.2025 (СРЕДА) ТЕМИШВАР
Присигнување во утринските часови во Темишвар. Следува разглед на градот со локален водич. Се посетуваат: Плоштад Победа со карактеристичен молдавски стил, Опера Романа, Плоштад на ослобдување, Плоштад на обединување, Српска православна црква, барокна палата – поранешно седиште на српска Војводина, Римокатоличка катедрала,… Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Слободно време. Дочек на Нова Година 2026. Ноќевање

ТРЕТ ДЕН – 01.01.2026 (ЧЕТВРТОК) ТЕМИШВАР – ЗАМОКОТ КОРВИН И ГРАДОТ СИБИУ
Појадок во хотел. Заминување на целодневна екскурзија. Првото застанување е во замокот Корвин или познат како замокот Хуњади кој е еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 год. Оваа готска тврдина од 15 век има доволно страшни карактеристики за да му се спротивстави на замокот Бран (замокот на Дракула во Бран. Овој Замок има непробојните ѕидови, колосалниот подвижен мост и безброј правоаголни и кружни кули кои некогаш служеле како стражарници и домување за затворениците. Внатре, ќе ја посетиме огромната зандана и комората за мачење, како и остатоците од Јамата за мечки, каде што, според легендата, затворениците биле фрлани на мечките. Заминување кон градот на божиќните маркети во Романија, Сибиу. Oвде не очекува CHRISTMAS SURPRISE бидејќи божиќниот маркет во Сибиу е најдобриот во Романија. Божиќната атмосфера, дрвените куќички, осветлените улички преполни со празнични украси и сезонски подароци, божиќните песни ќе ве понесат низ предновогодишната атмосфера што никогаш нема да посакате да го напуштите ова место. Како бонус го имате панорамското тркало, рингишпилот и миленикот на децата- куќата на Дедо Мраз. Враќање во хотел. Ноќевање

ПОСЛЕДЕН ДЕН 02.01.2026 (ПЕТОК) ТЕМИШВАР – БАЊИ – СКОПЈЕ
По појадокот одјавување од хотелот и заминување кон Термалните бањи-Амазониа. Амазониа се состои од Спа центар (финска сауна, био сауна, парна бања, инфраред сауна, солена соба, џакузи со хидро масажа), Аквапарк (надворешни и внатрешни базени со 7 лизгалки, базени за деца, базен за релаксација, термален базен и сл.), медицински масажи, ресторан, бар и сл. Тука ќе имате 4 часа слободно време да се одморите и да уживате во термалните бањи Амазониа .Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови околу полноќ во Скопје.

ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.10.2025: 159 € / 8.618 мкд
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179 € / 10.478 мкд

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Aвтобуски превоз
– 2 ноќевања во хотел со 3* со појадок во Teмишвар
– Разглед на Темишвар со локален водич
– Туристички придружник од агенција

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Вечерна посета на Темишвар- 5€
– Посета на замокот Корвин со вклучена влезница и градот Сибиу – 60еур
– Туристичка такса-3еур по лице за двата дена (се доплаќа во бус)
– Патничко осигурување
– Доплата за еднокреветна соба 3100 мкд
– За деца до 2.99 години- 50 евра за превоз, гратис сместување доколку е придружуван со двајца родители. Не користи легло.
– За деца од 3 год. до 11.99 год.- добива попуст само на факултативи, се плаќа целосна сума на аранжман

НАПОМЕНА:

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
– Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
– Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
– Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
– Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.

ПРВ ДЕН – 30.12.2025 (ВТОРНИК) СКОПЈЕ – ТЕМИШВАР Состанок на група кај хотел Русија во 23:00ч. Имаме организирани поаѓање од Кочани,Штип,Велес и Куманово. Патување преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење низ Србија. ВТОР ДЕН – 31.12.2025 (СРЕДА) ТЕМИШВАР Присигнување во утринските часови во Темишвар. Следува разглед на градот со локален водич. Се посетуваат: Плоштад Победа...

There are no comments yet.

Write your Review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сподели на Социјални Мрежи
Нова Травел
https://test.tiandemk.mk/wp-content/uploads/2025/12/logo-final.png
Брз Контакт

Маршал Тито 30, 2400
Струмица, Македонија

Тел:   034-345-411
Моб: 070-347-791
Моб: 070-347-792
Моб: 070-347-793

 

Е-пошта: novatravel.ms@gmail.com
monika@novatravel.mk
silvana@novatravel.mk
elisa@novatravel.mk

 

Новости И промоции

Внесете ја вашата Е-пошта и добивајте информации за попусти, промоции и новитети од нашата туристичка агенција


    Сите Права се задржени ® // Нова Травел 2015-2025

    Следете не на социјалните мрежи:

    Close

    ТЕМИШВАР И СИБИУ

      Пополнете го формуларот за да добиете информација за достапност на патувањеот. Задолжителните полиња се означени со*



        Enquiry about the Tour availability or anything you’d like to know. Required fields are marked *